Posted on јануари 14, 2020 in Новости

Отворена дебата: НАТО

30.12.2019 Скопје

Унијата на Европски Федералисти на Македонија со Македонско Американската Алумни Асоцијација организираше отворена дебата на тема “Идните чекори после приклучувањето во НАТО”.

Во канцелариите на Европската унија во Скопје се одржа панел-дискусија под наслов „Идни чекори по влегувањето во НАТО“, поддржана од Македонското американско алумни асоцијација – МААА и Унијата на европски федералисти во Македонија (УЕФМ), а во организација на Фулбрајт стипендистот Елмас Хасановиќ. Меѓу другите теми, панелистите разговараа за предлогот на Центарот за извонредност на НАТО за одговор на кризи, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформите во судството и друго.