Posted on декември 25, 2019 in Новости

Унијата на Европски Федералисти на Македонија, преку промоција на програмата Македонски Концепт, ќе отвори дискусија на темата “Како Европа да ја донесеме во Македонија”.

Европската вечер ќе ја отвори Претседателот на Унијата на Европски Федералисти на Европа, господин Сандро Гози, европски пратеник од листата на “Ренесанса”, политичката групација на претседателот на француската Република, господин Емануел Макрон.

Програмата која ќе ја промовираме, ќе биде најголем аргумент на сите Вас, граѓаните на македонската Република, да се вклучите во нашите активности, со цел полна и безкомпромисна европеизација на нашата држава и општество!