Posted on октомври 28, 2019 in Новости

Унапредување на Студентски Стандард

Унијата на Европски Федералисти на Македонија во соработка со Институтот за одржливо управување Македонија 2.0, во рамки на проектот „Унапредување на студентски стандард“ поддржан од NDI North Macedonia организираа фокус групи за испитување на ставови и мислења на студенти од Македонија.

Фокус групите беа спроведени со цел квалитативно да се испитаат ставовите и мислењата на студентите околу постоечките политики за студентски стандард во Македонија, како и да се долови нивното задоволоство, односно незадоволство од актуелната поставеност и условите во институциите за студентски стандард. Во таа насока беа спроведени 4 фокус групи, во кои вкупно учествуваа 32 испитаници, распоредени по осум во група. Групите беа поделени во две категории: фокус групи за испитување на ефектите врз студентите од државната помош при студирањето и фокус групи за испитување на ставовите и задоволството од постоечката поставеност и услови во институциите за студентски стандард – студентските домови. Групите од првата категорија беа поделени на две подкатегории: испитаници – студенти кои користат државна помош при студирањето, односно испитаници – студенти кои не користат државна помош при студирањето. Групите од втората категорија беа поделени на две подкатегории: испитаници кои живеат во студентски домови, односно испитаници кои не живеат во студентски домови.

При спроведување на фокус групите се користеше метод на отворена дискусија меѓу испитаниците. Насоките во дискусијата, како и нејзиниот квалитет, беа контролирани од модераторот.