За нас

Што е Унија на Европски Федералисти?

Унијата на Европски Федералисти е пан-европска, невладина политичка организација посветена на промоција на Европско политичко единство.

Создадена е кратко после втората светска војна позади идејата дека само преку обединета Европска Федерација државите од Европа можат да ги надминат поделбите од минатото и да обезбедат безбедна иднина и економска благосостојба и просперитет. Во текот на седумдесет годишното постоење УЕФ е предводник во промовирањето на Европското единство и подржувач на значајни промени во развитокот на првично Европската Заедница и сега Европската Унија.

Ние веруваме дека комплетно економско и политичко обидинување на ниво на Европа е итно потребно со цел да се загарантира Европскиот просперитет и релевантност во денешната динимачната состојба на живеење. Како федералисти сме критички поставени кон пасивните политки во однос на идејата за Европска интеграција. Сметаме дека национализмот, Евро-скептицизмот и пасивизмот кон прогресот за Европска федерализација се наши најголеми предизвици. Како федералисти и граѓани на Македонија повикуваме кон Европска демократија каде идните жители на Европа се директно вклучени во политичките процеси на одлучување. УЕФМ промовира федерализам како најефикасен начин на организација кон политичко единство каде демократските принципи се носечки столбови на една таква консталација.

Што правиме?

Работиме на зголемување на свеста под однос на Европските прашања и потребата за Европско политичко обединување преку организирање на кампањи, јавни дебати, конференции со подршка на институти и универзитети, семинари и информативни акции.

Го промовираме Европскиот Федерален проект кај политички партии, политичари и останати актери од политичкото подневје на локално, национално и Европско ниво преку лобирање, јавни дебати и иницијативи.

Ги повикуваме националните влади да превземат чекори кон реализирање на идејата за обединета и федерална Европа вклучувајќи ја и Македонија како дел од големото Европско семејство преку петиции, барања и застапувачки активности насочени кон политичките одлучувачи.

Придонесуваме кон дебатата за Евроспска интеграција преку нашите публикации, полиси, соопштенија, блог пост содржини на социјалните мрежи и веб страната.

Ја промовираме идејата за потребата за Европско политичко обединување како одговор на различните предизвици преку соработка со цивилниот сектор и останатите засегнати страни.

Се спротиставуваме на националистите и Евро-скептицистите промовирајќи го федерализмот како најефикасниот начин на организирање на Европската Унија притоа зачувувајќи го етничкиот деверизвитет на државите членки и државите кандидати за членство.

ПАРТНЕРИ