Posted on ноември 1, 2019 in Новости

Соопштение

Ноември 1, 2019

До средства за јавно информирање

Почитувани,

во текот на вчерашниот ден(31.10.2019) се одржа средба на дел од водечкиот тим на Унијата на Европски Федералисти на Македонија со Н.Е. францускиот амбасадор г-дин Кристиан Тимоние.

На средбата се разговараше за европската иднината на Р.С.Македонија, во контекст на конечниот предлог на Република Франција за реформи на ЕУ пристапниот процес и нивната визија за иднината на Балканот.

Од страна на нашите претставници, беше презентиран предлогот за промоција на ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА „ЦЕНТРАЛНО БАЛКАНСКА ИНИЦИЈАТИВА“ како модел на регионална интеграција на Р.С. Македонија во Европската Унија.

Промоцијата на таа иницијатива, која е дел од визијата за полна интеграција на нашата земја во ЕУ и НАТО, дел од политичката програма „Македонски Концепт“, ќе продолжи во наредниов период, пред домашни и меѓународни институции.

Со почит,

Тим за информирање

УЕФМ

Соопштение Тимоние