Posted on февруари 10, 2020 in Новости

“Европска вечер“

На 23.01.2020 година во Double tree by Hilton, се одржа Европската вечер организирана од страна на Унијата на Европски Федералисти на Македонија на која се направи промоција на проектите на Македонскиот концепт.

Европската вечер со свое обраќање ја отвори Претседателот на Унијата на Европски федералисти, господин Сандро Гози, европски пратеник од листата на “Ренесанса”, политичката групација на претседателот на француската Република, господин Емануел Макрон. На настанот се разговараше на темата “Како Европа да ја донесеме во Македонија”  пред полна сала од страна на 20тина презентери, секој експерт во својата област се понудија конкретни решенија за проблемите на граѓаните, без притоа да се спомене било која партија. Претседателот на Унијата Петар Богојески го заврши своето обраќање со најава за следна вечер која треба да се случи кон крајот на февруари, овој пат Македонска вечер.