Posted on ноември 23, 2019 in Новости

Македонија дел од УЕФ

23 ноември, Рим, Италија

Во овој момент, УЕФМ беше избрана за членка на УЕФ.

За прв пат од постоењето на Унијата на европски федералисти (УЕФ), исклучително влијателна политичка организација во ЕУ, која дејствува од 1946 година до денес, во неа станува членка македонска политичка организација УЕФМ, а со тоа Македонија е претставена и како држава.

“Денес и утре, заедно со потпретседателот Апостолоски, учесници сме во работата на Федералниот Комитет на УЕФ, тука во Рим, Република Италија, изјави Претседателот на УЕФ Македонија, Петар Богојески.

Имаме одлична можност од блиску, во дирекна комуникација, да се сретнеме со “внатрешните” дилеми на ЕУ! Со сопствени очи и уши да видиме и да слушнеме што е она што ја преокупира ЕУ!

Од разговорите со многумина претставници од сите земји членки на ЕУ, особено со европските пратеници како господин Guy Verhofstadt, потоа господин Sandro Gozi, претседателот на УЕФ и др. кои доаѓаат од политичката групација “За Европска Ренесанса” на претседателот Макрон, може да се забележи постоење на отворена дебата за приоритетноста помеѓу продлабочувањето или проширувањето на ЕУ!
Наша задача е да ги убедиме дека првото не го исклучува второто и обратно.
Ние не се плашиме од реализмот на Макрон, кој го претпочита првото, но не се откажуваме и од оптимизмот на Меркел, која го претпочита второто.

Сепак ова е време кога ЕУ се бори за своето место во глобални рамки. Во светот на големите нации како УСА или Кина, односно засебни цивилизации, како што ги нарекоа дел од говорниците.

Споделуваме огромно задоволство што Македонија достоинствено ја претставуваме, а за прв пат стануваме дел од ова големо семејство на политички организаци. Се надевам во иднина, токму Македонија да биде домаќин на едно вакво случување.