Posted on ноември 18, 2019 in Ставови

Потребно е национално обединување, сите сме деца на Македонија

Македонецот беше поделен, Македонецот е поделен, потребно е национално помирување на сите Македонци и на тие од БКП и КПМ, со царистите, и на тие до Бали Комбтар со овие од КПМ и оние од БКП, Оние од ВМРО со оние од КПМ и КПЈ, ДПМНЕ со СДСМ, ДУИ СО ДПА итн итн, а ВМРО е сеуште парализирано како тогаш… Македонецот страдаше и беше поделен, Македонецот и сега страда и е поделен, поделен на Северни, Антички, Бугарски, Српски, Албански, Ромски, Турски, Влашки,православен, католички, муслимански…

ТРЕБА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ ! СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА, пишува во Фејсбук статусот на Стево Насковски, еден од застапниците и промоторите на политичката платформа „Македонски концепт“, по повод празникот 11 Октомври.

-Во врска со денешниот ден 11.10.1941 г.како и денес така и тогаш (значи ништо не е сменето) Македонецот е поделен. Едниот и тоа мнозинството дава силна поддршка на Царската-бугарска администрација која била во коалиција со Германија, а другиот е комунист најпрво на Бугарската комунистичката партија на Методија Шаторов Шарло (да на оној кој има огоромен споменик во Скопје), а подоцна поради околностите се приклонува кон КПМ на србоманот Лазар Колишевски (за кого нема споменик 😁), додека пак од 1934 година, односно 10 години порано ВМРО е парализирана, а со тоа и идејата за Независна Македонија.

На денешен ден впрочем се случува братоубиствена дешавка, Душан Наумовски подло го убива стражарот на Участокот во Прилеп, Петар Колев. Колев е роднина на Даме Груев и бил татко на три деца, ставен во службата на бугарската полиција, истиот се чувствувал како Бугарин. Душан Наумовски се чувствувал за Србин и неговото семејство било во служба на српската администрација од паѓањето на овој дел на Македонија од 1918 г. под Србија/СХС/Југославија, кога дошла Бугарската 1941 г. се повлекле во Србија, но Душан се вратил 1944 во своето село Плетвар. Наумовски воедно и нажалост бил криминалец, обвинет за кражба на накит и заедно со Лазо Колишевски лежел во иста ќелија, Лазо го знаел и затоа Душан никогаш од властите по 1945 г.не бил одликуван со партизанска еполета како борец на НОВ и човек кој прв истрелува куршум кон “окупаторот”. Душан Наумовски и Петар Колев се знаеле добро биле тукашни, ниту едниот не бил од Бугарија ниту другиот од Србија. Петар не ни насетувал дека Душан ќе пука на него кога го видел пред Участокот, можеби му дал и запалка за цигара, се познавале зошто биле тукашни Македонци, само од различни партии и идеологии, едниот Србин, а другиот Бугарин но Македонци, како Ибе Паликуќа и Џемо Хаса, сите биле тукашни. Така било и со Независна Држава Македонија на Спиро Китанчев создадена на 8 Септември 1944 г. (примети датум) и АСНОМСКА Македонија 02.08.1944 г.. Спиро бил со Хитлер, Асномците со ТИТО и Сталин. Тито и Сталин како и Хитлер исто биле диктатори, односно требало да се припоиш некаде согласно идеологијата, но официјалната историографија делата на Нацизмот порано ги осуди за разлика од делата на Комунизмот, кои кај нас сеуште не се осудени, иако Комунизмот зеде повеќе жртви и владееше 50 години во светот, а дури и денес имаме комунистички држави, додека нацизмот владееше само 6-7 години.

По повод денешниот ден ќе се потсетиме и на судирите на Кале меѓу македонските партизани кои доброволно се расформираат и пристапуваат кон НОВ, тоа е гардата на Китанчев која потоа барала да се оди на Солун, наспроти србо-комунистичката на Лазо да се оди на Срем, сите 1000 побуненици умираат во затвор, а нивните околу 50 старешини се стрелани од митралеско гнездо на српски Партизани, односно гардата на Светозар Вукмановиќ Темпо, гувернерот на Тито за Македонија, кој си донел своја гарда неможејќи да се потпре на овдешните.

Македонецот беше поделен, Македонецот е поделен и македонските Албанци исто, дел биле во БКП, па КПМ, други кај Енвер едни кај Бали Комбтар… Македонецот беше поделен, Македонецот е поделен, потребно е национално помирување на сите Македонци и на тие од БКП и КПМ, со царистите, и на тие до Бали Комбтар со овие од КПМ и оние од БКП, Оние од ВМРО со оние од КПМ и КПЈ, ДПМНЕ со СДСМ, ДУИ СО ДПА итн итн, а ВМРО е сеуште парализирано како тогаш…

Македонецот страдаше и беше поделен, Македонецот и сега страда и е поделен, поделен на Северни, Антички, Бугарски, Српски, Албански, Ромски, Турски, Влашки,православен, католички, муслимански…

ТРЕБА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ ! СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА!

Стево Насковски

Орагнизационен
секретар на УЕФМ