Стремежот за влез во ЕУ е јасна движечка траса на нашата земја. Но сепак постојат сегменти кои и тоа како треба да се воспостават со што би биле дел од еднаквите. Во таа конотација неизоставен дел преставува и политиката во областа на културата.
Поголем период во македонското општество и во целокупната јавност се чувствува апатијата и депресијата, кои завземаат се поголеми размери.
Поради политичката ситуација и генерално внатрешните состојби во државата скоро на сите општествени полиња ги тера граѓаните да бидат „умртвени“ без причина и надеж за напредок и просперитет како личен, така и колективен.
Ниту една политичка партија не може да функционира без почитување на принципите на: лична одговорност, инклузивност, транспарентност и отчетност, кадровска менливост, плуралност на мислењето, ставовите и идеите, персонален и колективен интегритет, и последно но и најважно -легализам.
Секогаш потенцираме дека покрај критика, мора да се предложи и решение, за таа критика да биде кредибилна. Во тој контекст може да се пакетираат и критиките за случувањата со надворешната политика. Имаме два крупни моменти, одлуката на ЕУ да не отпочне пристапни преговори со Македонија и одлуката на Владата да влезе во авантура, наречена „Бенелукс на Балканите“. Она кое знаеме е дека Македонија ги има истите проблеми, истите оние поради кои не сме можеле да конституираме држава пред повеќе од еден век. И двата случаи имаат еден заеднички содржател, а тоа се интересите на нашиот сосед Република Србија, истите оние кои постојат повеќе од еден век. При тоа нагласувам дека не сум србофоб, не ги мразам соседите, ниту нивната државност ја оспорувам, но го задржувам правото да ја заштитам државноста на мојата Македонија.
Црно-белата слика на македонската политичка сцена се обиделе да ја променат повеќе личности, движња и партии, но актуелниот изборен модел не дозволувал посилен настап во Собранието бидејќи поделени во шест изборни единици нивните гласови паѓале во вода, па така мораа да се приклучат на големите коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Сега се најавува нова политичка платформа наречена „Македонски концепт“ која вели дека ќе се залага за подигнување на политичката култура, нов начин на водење на политичка битка преку идеи, проекти и конструктивни предлози, но засега немаат амбиција да прераснат во политичка партија. За новата платформа „Македонски концепт“ разговараме со Сашо Лазаровски кој вели дека треба да се стави крај на црнилата, да се создадат силни институции кои нема да бидат под влијание на партиите, а ќе се работи за подобра иднина на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска или партиска припадност.
Сашо Лазаровски е еден од застапниците на новата политичка платформа „Македонски концепт“, која деновиве почна да се промовира во јавноста. Тој е поранешен економски промотор на Агенцијата за инвестиции на Република Македонија, поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација“ и поранешен заменик-министер за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ. Лазаровски е член на опозициската партија и советник во општина Карпош. Во интервју за „Фокус“ вели дека крајната мисија на „Македонскиот концепт“ е на идните поколенија во наследство да им се остави држава, слобода и пари.
Голем дел од сегашните „лидери“ на опозицијата се под контрола на Заев. Демократијата е нефункционална без вистинска опозиција. Нудиме платформа за опозициско обединување, вели Богојески.
„За туѓи бели дворови, копај си црни гробови!“, напиша безвременскиот Рацин, во надеж дека само што не дошле македонските бели мугри. Со надеж дека зад себе ќе ги оставиме тие денови. Но дали е така? Дали дојдоа македонските бели денови Дали ни се раздени? Дали прогледавме? Или сè уште ние Македонците, граѓани на македонската Република, сè уште за туѓи бели дворови, си копаме самите на себе, црни гробови?!?
во текот на вчерашниот ден(31.10.2019) се одржа средба на дел од водечкиот тим на Унијата на Европски Федералисти на Македонија со Н.Е. францускиот амбасадор г-дин Кристиан Тимоние.
Унијата на Европски Федералисти на Македонија во соработка со Институтот за одржливо управување Македонија 2.0, во рамки на проектот „Унапредување на студентски стандард“ поддржан од NDI North Macedonia организираа фокус групи за испитување на ставови и мислења на студенти од Македонија.