istorija

Нашата Историја

На 15 и 16 Декември, 1946 година Унијата на Европски Федералисти официјално се оформи со обрврската за координирање и интивизирање на активностите на различни движења во тие времиња и да ги организира во федерална структура. Оттогаш УЕФ е активна на Европско, национално и локално ниво во последните 70 години. Основана кратко после втората светска војна со идејата дека само Европска Федерација, базирана на вредностите за единство во различностите, може да ја преброди поделбата на Европскиот континент што предизвика страдања и уништување во двете светски војни. Федералистите веруваат дека само заедничкиот труд на Европските граѓани може да создадат мирољубива и демократска Европа која ќе ги гарантира правата и слободите на своите жители.

Историски времеплов

Времепловот на Европските Федералисти ги означува сите наши достигнувања, кампањи, демонстрации и значајни средби! Ова прекрасен начин да патувате во времето и да се запознаете со историјата на Европските Федералисти преку прикази, слики и видеа. Времепловот е достапен на Tiki-Toki.com тука.