nashite pretsedateli

Добредојдовте од Претседателот на Унијата на Европски Федералисти во Македонија

Петар Богојески - Претседател

Почитуван посетителу,

 

Добредојдовте на вебстраната на Унијата на Европски Федералисти во Македонија (УЕФМ).

Унијата на Европски Федералисти е пан-европска, политичка организација посветена на промоција на Европско политичко единство. Создадена е кратко после втората светска војна позади идејата дека само преку обединета Европска Федерација, државите од Европа можат да ги надминат поделбите од минатото и да обезбедат безбедна иднина и економска благосостојба и просперитет. Во текот на седумдесет годишното постоење УЕФ е предводник во промовирањето на Европското единство и подржувач на значајни промени во развитокот на иницијално Европската Заедница, а и сега Европската Унија.

Европа минува низ период на турбуленции и неизвесност. Истата судбина ја споделува и Македонија. Процесот на интеграција на земјата во ЕУ е дополнително компликуван и условен од нерационални барања. Индивидуалниот пристап кон Унијата, оценка на подготвеноста на секоја земја – апликант за членство поединечно е она кое ние го очекуваме. Но тоа не се совпадна со интересите на земјите членки. Отворен е нов дијалог во таа насока. Без извесност кога тој дијалог ќе заврши. Истото ја осуди Македонија на пролонгирање на процесот на транзиција. Процес кој е пропратен со долга финансиска криза, кој доведе до економска стагнација, невработеност и политичка фрагментација, ги изложи не само недостатоците во структурата на државните институции, туку и недостаток на посветеност за европска интеграција. Во таа насока помогна и политиките на одредени земји членки на Унијата. Како резултат на тоа, Европската унија ја изгуби довербата на многу граѓани. Кризата во регионите што граничат со Европската унија, од Украина до Балканот, врши притисок врз прогресијата на оптимизмот за европска интеграција на сите нас, заинтересирани за тој процес.

Процесот на градење на здрава европска перспектива за земјите од Балканот, може да започне уште денес со интензивирањена процесот за проширување на Унијата. Одговорност е на нашите одлучувачи да ги преземат сите неопходни чекори за решавање на проблемите, да ги постават нашите работи во ред и да ја обноват довербата.

Ајде да градиме мостовите на соработка меѓу Европските нации заедно!

Со почит,

 

Петар Богојески,

Претседател на УЕФМ